×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младинска организација ќе добие 50 илјади евра за пет години да раководи со Младинскиот центар во Куманово

    21.03.2023 14:30 | Оливера Пешевска

    Младинска организација од Општина Куманово ќе добие 3 милиони денари за да во наредните 5 години раководи со Младинскиот центар во Куманово. 

    Младинска организација ќе добие 50 илјади евра за пет години да раководи со Младинскиот центар во Куманово

    Повикот за пријавување е веќе објавен, а на конкурсот можат да се пријават младинските организации и организации за млади, регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации. Нивна задача ќе биде преку соодветна програма да спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот на заедницата. 

    Активностите на младите се одвиваат во просториите на „Мулти Култи“ во близина на училиштето „Вук Караџиќ“, каде што работи Младинскиот центар и досега се спроведувале активности во кои учество зеле над 500 средношколци од Куманово.

    „Досега се спроведни обуки за свирење на некој инструмент, упатства за занимавање со некој спорт итн. Но, вредно се работело и на социјални теми и работилници за дискриминацијата во општеството по било која основа, за преземање на анти-булинг мерки, влијнието и опседнатоста со социјалните мрежи и медиуми, значи многу теми од делот на неформалното образование“, изјави Мартин Крстиќ, службеник за млади и младински политики на Општина Куманово.

    Програмата со која ќе аплицираат организациииите ќе мора да ги задоволи пропозициите на Агенцијата за млади и спорт, и ќе подлежи на инспекциски надзор во текот на работењето. Програмата со која се конкурира на јавниот оглас мора да биде исполнета во целост. Финасиските средства ќе се исплаќаат годишно од локалниот буџет со висина од 600 илјади денари, што кумулативно за 5 години изнесува 3 милиони денари ,или околу 50 илјади евра.

    Огласот е отворен најдоцна до следниот понеделник, а сите потребни услови и документи потребни за пријава можат да се најдат на официјалниот сајт на Општина Куманово.

    Првиот младински центар во државата согласно Законот за младинско учество и младински политики беше отворен во јули 2021 година во Општина Куманово, со поддршка на Владата. На отварањето присуствуваше и тогашниот пермиер Зоран Заев.

    Тогаш младите на Куманово потенцираа дека очекуваат максимална прифатеност на младинскиот центар како можности и простор за младите каде што ќе ги развиваат своите вештини, ќе градат нови пријателства и од каде што ќе произлезат важни проекти и активности, како и политики кои директно ќе го подобрат статусот на младите.