×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Младите со петиција бараат современа автобуска

    31.10.2012 13:24 | KumanovoNews

     На иницијатива на младите од градот ќе се собираат потписи на интернет со која се бара градот да добие пристојна Автобуска станица.

    Младите со петиција бараат современа автобуска

    Иницијативата е на Ивана Јордановска, која вели дека за еден ден се собрани над сто потписи, а крајна цел е со 12.000 потписи овој предлог да биде доставен до Сoветот на Општина Куманово.

     Јас четири години не живеев овде и од многу работи сум шокирана кога се вратив. Сите го знаеме проблемот, и затоа ајде да направиме нешто. Коментарот на еден пријател беше дека му е срам гостите да ги пречекува на автобуска и затоа им кажува да се симнат кај џамијата. Ова е моја лична петиција со цел да се поттикнат граѓаните да делуваат. Ги информирав луѓето кои ми се пријатели на социјалните мрежи за ова - вели Јордановска.

    Автобуската станица во Куманово е во фаза на распаѓање! Наместо да се трудиме да оставиме што подобар впечаток на нашите посетители, ние ги пречекуваме во распадната, не организирана, смрдлива, дисфункционална станица, вистинско легло на болести, зарази, болви и бацили. Новата автобуска станица би придонела кон подобар автобуски превоз во и од Куманово, зголемен број на посетители, но пред се, би придонела кон подобро, посовремено и поевропско Куманово- стои во петицијата на Јордановска поставена на интернет.

     Граѓаните можат електронски да дадат поддршка на оваа иницијатива со внесување на името и презимето на следната адреса:http://www.change.org/petitions/општина-куманово-сакаме-современа-автобуска-станица-2?share_id=bfdDRhlyAp&utm_campaign=petition_creator_email&utm_medium=email&utm_source=share_petition