Момче убиено во дворот на семејната куќа
31.05.2012 07:42
| KumanovoNews
Томче Пешевски (33) од Куманово утринава бил пронајден мртов во дворот на семејната куќа на улицата „Миле Кипра„ во близина на т.н. Бунарче во Куманово. Тој бил удрен со тврд предмет во главата, а облеан во крв во 5.40 часот го пронашле соседите.

Од полицијата потврдуваат дека станува збор за убиство, а повеќе информации најавуваат откако ќе заврши увидот на лице место.
Според информации од соседите, станува збор за човек кој е на привремена работа во Авганистан и пред неколку дена стигнал на одмор. Мотивите за убиството не се познати.