МВР објави оглас за прием на 150 полицајци
Министерството за внатрешни работи (МВР) распишува конкурс за прием на униформирани полициски службеници.

Според огласот, сите нови 150 вработувања на работното место полицаец се предвидени за Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование, активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот, да има завршено најмалку четиригодишно средно образование, да е здравствено и психофизички способен, со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и да има положено тест за интегритет.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови: потребна телесна висина од најмалку 170 см. (маж), односно 160 см. (жена) и висока лична физичка подготвеност.
Пријавата со потребната документација, кандидатите од Куманово треба лично да ги поднесат во СВР Куманово.