×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цеца Ражњатовиќ и Саша Ковачевиќ ѕвезди на прославата на Денот на Крива Паланка

    16.07.2025 13:58 | KumanovoNews

    Српската фолк пејачка Светлана Ражњатовиќ и поп пејачот Саша Ковачевиќ, ќе бидат ѕвезди на вечерта на годинешната прослава на Денот на Крива Паланка, кој ќе се одржи на  29 и 30 август на градскиот стадион.

    Цеца Ражњатовиќ и Саша Ковачевиќ ѕвезди на прославата на Денот на Крива Паланка

    Првата вечер, во петок, покрај Цеца, ќе настапат и Мирза Селимовиќ и македонски диџеј Галоски, додека втората вечер во сабота освен Ковачевиќ, ќе  трубачкиот оркестар Биг Бенд Дејан Петровиќ и германскиот диџеј  Tom Novy. Концертите ќе започнат во 21 часот, а ќе трајат до 1 часот по полноќ.

    „Крива Паланка е подготвена за спектакуларна прослава на 29 и 30 август. Два дена на една сцена и безвременска енергија. Градот ќе блесне во полн сјај и сите патишта ќе водат кон нашиот град, кој ќе биде домаќин на дводневна манифестација посветена на Пресвета Богородица – заштитничка на градот. Посетителите ги очекуваат незаборавни музички ноќи исполнети со емоции, светла, ритам и многу љубов“, соопштуваат од Општина Крива Паланка.

    Минатата година на Денот на Крива Паланка концерт одржа Здравко Чолиќ, на кој отиде половина Куманово.