На Зебарњак ќе се уништуваат неексплодирани мини
03.04.2012 08:10
| KumanovoNews
Дирекцијата за заштита и спасување Куманово, утре од 10 до 14 часот, во реонот на меснота Зебрњак ќе врши уништување на неексподирани сретства.

Поради тоа го повикува населението од околните села Тромеѓа, Карпош и Младо Нагоричане во наведениот период да не презема активности во близина на наведениот простор за да не дојде до несакани последица.