×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Намалени гужвите за лични карти

    01.02.2010 13:13 | KumanovoNews

    Пролонгирањето на рокот за замена на старите лични карти до 01.04.2012 година ги намали гужвите пред шалтерите во Оделението за управни работи во Куманово. Редиците луѓе што со часови чекаа пред зградата повеќе ги нема, но во просторијата каде се вадат личните документи и патните исправи сеуште врие како во кошница.

    Намалени гужвите за лични карти

     - Гужвите не се намалени поради поместениот рок, туку заради тоа што ги издадовме и ги распоредивме сите термини до јануар 2011 година. Затоа сега е порелаксирано да се аплицира, бидејќи закажаните си доаѓаат на термините. Дневно примаме по 150 странки во двете смени и нема турканици при издавањето на лични карти - вели Горан Ангеловски, раководител на Одделението за управни работи.

      Наспроти ова граѓаните се жалат дека термините не се почитуваат докрај и кога ќе дојдат чекаат со часови да ја завршат работата. Најмногу од се им смета што вработените ја злоупотребуваат службената положба и преку ред внесуваат свои луѓе и создаваат мешаница во работењето.

      Според Ангеловски, граѓаните на кои им истекол рокот на важење на личните документи или наполниле 18 години имаат приоритет при добивањето, исто како и оние што аплицираат по брза постапка за пасош и  го добиваат  за 48 часа.

    Аплицирањето за нови лични карти останува исто како и досега, на телефонскиот број 072/33 52 30 и на шалтерот број 12 во управната зграда во периодот од 8.30 до 16.30 часот.

    Голем е интересот и на граѓани што аплицираат за вадење на новите биометриски пасоши. Само во декември, мината година биле издадени  околу 3000 пасоши, а овој месец нешто помалку.