Наместо да купи тапани, останал без пари
27.03.2012 11:13
| KumanovoNews
Ф.Б.(22) го измамил П.К. (46) дека за 380 евра ќе му набави чинели за тапани, бидејќи неговиот вујко е дистрибутер на музички инструменти.

П.К. му ги дал парите во ноемви мината година. Откако видел дека нема да ги добие нарачаните инструменти, ниту пак му ги враќа парите го пријавил случајот во полиција.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Б. од Куманово за сторено кривично дело измама.