Нападнале велосипедисти без причина
02.10.2014 11:56
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(29), С.Ф.(33), Ј.Ф.(31), И.С.(24), сите од селото Речица, за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавените на 23 август годинава, околу 23,45 часот, во с.Речица ги пресретнале лицата Б.К.(44), А.А.(15), Т.С.(18), А.Ш.(28) и И.С.(28), кои се движеле со велосипеди, по што без повод и причина физички ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди.