Мени

Нападнале и ограбиле повозрасен маж, па го принудиле да земе брз кредит

23.10.2026 13:10 | KumanovoNews

Две лица се приведени поради тоа што нападнеле и ограбиле повозрасен маж, а потоа се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.

Нападнале и ограбиле повозрасен маж, па го принудиле да земе брз кредит

Поради тоа полицијата ги привеле 45-годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. 

„Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон. После тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција“, соопшти МВР. 

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.