Наврнаа 11 литри дожд во Куманово
26.09.2014 07:32
| KumanovoNews
Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 11 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

“Во Дебар има 24, во Дојран 19, Струмица 18, Крива Паланка 17, Маврово 16, Прилеп и Тетово 12, Гевгелија и Берово 9, Демир Капија, Крушево и Претор по 10 литри на метар квадратен. И во текот на денот не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд попладне“ - вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар во УХМР.
Јовановска вели дека во наредните денови не очекуваат пониски утрински температури, а преку ден ќе има повеќе сончеви периоди.