Назначен командир на полициската станица
07.03.2012 14:03
| KumanovoNews
Антон Витковски е нов командир на Полициската станица за општа надлежност Куманово.
Тој е назначен на новата функција од минатат недела. Доаѓа од местото сменоводител во полициската станица, а во СВР Куманово, на повеќе должности работи 20 години.
Оваа полициска функција беше празна неколку месеци, откако неговиот предходник Милован Николовски беше сменет од бившиот началник Љубомир Ѓурчески.