Мени

Ноќеска стрелките на часовникот ќе се поместат еден час назад

24.10.2026 11:30 | KumanovoNews

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, ноќеска ќе почне зимското сметање на времето, односно 3 часот ќе се смета како 2 часот.

Ноќеска стрелките на часовникот ќе се поместат еден час назад

Одлука за утврдување на сметањето на времето во 2026 година, според која летното сметање на времето почна на 29 март 2026, а зимското сметање почнува на 25 октомври 2026, ја донесе Владата и е објавена во Службен весник на 19 март годинава.

Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.