×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова цвеќарница во градот

    30.06.2011 13:40 | KumanovoNews

    ЈП „Чистота и Зеленило„ отвори цвеќарница на Градскиот плоштад. Над стотина видови на саксиско, режано и зимзелено цвеќе ќе можат граѓаните да најдат во  современо опремениот простор.

    Нова цвеќарница во градот

    Во продавницата нудиме богат асортиман на цвеќе по пазарни цени прилагодени на куповната моќ на нашите граѓаните. Голем дел од цвеќето е од наше производство, бидејќи над година и пол работевме на овие култури во двата расадника, се со цел да понудиме квалитена услуга-изјави директорот Сашо Петрушевски.

    Во состав на цвеќарницата ќе работи и биро за хортикултурно уредување на дворови и цветни површини, каде граѓаните во секое време ќе можат да добијат стручна помош.

    На отварањето на новиот деловен објект присуствуваа првите луѓе од локалната самоуправа, пратеници, советници и гости.

    Ваква цвеќарница му недостасуваше на градот, бидејќи од неоправдани причини пред неколку години беше затворена.Се надевам дека претпријатието со овој проект ќе има успех, а  со тоа и неколку нови вработувања. Ова е уште една работна победа на директорот на ЈП „Чистота и зеленило„, и јас му честитам- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.