Новинарот Зоран Божиновски на слобода
23.09.2014 10:28
| KumanovoNews
Новинарот Зоран Божиновски од Куманово од вчера е на слобода.

Апелацискиот суд во Нови Сад вчера одлучил да се укине екстрадицискиот притвор на Божиновски, пренесуваат српските медиуми. На Божиновски му е забрането да ја напушти Србија за што му е одземен пасошот.
Тој е обвинет за случајот „Шпион“ и нашите правосудни власти бараа да биде екстрадиран во Скопје за да му се суди за шпионажа и злосторничко здружување.
Новинарот беше уапсен лани во ноември, откако Македонија распиша меѓународна потерница по него.