Обид за измама со сообраќајка во Кратово
16.10.2025 15:28
| KumanovoNews
Седумдесет и деветгодишна жена од Кратово вчера пријавила дека едно лице се обидело да ја измами.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ соопштило дека нејзината ќерка била прегазена во сообраќајна несреќа и дека е потребна одредена сума пари за операција. Жената се посомневала во вистинитоста на информацијата и случајот веднаш го пријавила во полиција.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, а особено повозрасните лица, кога непознати им се јавуваат по телефон, да не наседнуваат на измами во кои лажно се бараат пари или се нудат услуги.