×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ утре ќе одржи митинг на Градскиот плоштад во Куманово

    16.10.2025 15:48 | KumanovoNews

    На Градскиот плоштад во Куманово, утре со почеток во 20 часот СДСМ и коалицијата ќе одржат митинг, за претставување на кандидатите за Локалните избори.

    СДСМ утре ќе одржи митинг на Градскиот плоштад во Куманово

    Претседател на СДСМ Куманово, Дарко Ристовски, денеска на прес-конференција ги повика граѓаните да присуствуваат на Караванот „За нашиот дом“, да дадат поддршка и да испратат порака дека Куманово има едно срце, една енергија, и дека Куманово знае да се обедини кога е најважно. 

    „Овие избори, нашата кампања ја водевме под слоганот „Се бориме за нашиот дом“- затоа што Куманово е нашиот дом, нашата заедница, нашата иднина. Се бориме за чист град, со подобра инфраструктура, за нови инвестции и нови работни места. Се бориме за младите- да останат тука, да создаваат и да се гордеат на својот дом. Во изминатиов период имавте можност да се запознаете со програмата која ја нуди кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата-Мартин Костовски. Имавте можност да ги запознаете кандидатите за советници заедно со носителот на листата- Томица Илиќ. Во изминатиов период, ги посетивме скоро сите наши сограѓани, ги слушнавме сите ваши потреби, критики, но и очекувања. По скоро 8 години, време е да свртиме нов лист во нашата општина. Време е за промени, за проекти кои движат напред и кои нема да останат во писмена форма. За број 5, за нашиот дом!“, кажа Ристовски.