Облека и обувки за сиромашни семејства
02.10.2014 08:33
| KumanovoNews
Облека и обувки ќе се поделат на сиромашни семејства во Липково и Старо Нагоричане.

Помоштта ја донира Здружение на армиски и полициски ветерани, и ќе биде дистрибуирана на социјално загрозените семејства во двете рурални општини.
“Ќе има помош за барем 20 семејства. Одизвот на акцијата е добар. Досега сме правеле многу вакви акции, но ова ни е прва акција заедно со Здружение на армиски и полициски ветерани“ - вели Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.
Од Здружение на армиски и полициски ветерани планираат и следните години да прават собирни акции за помош на сиромашните граѓани.