Мени

Од полноќ дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

19.10.2026 15:31 | KumanovoNews

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денара, додека бензините поевтинуваат за два и пол денари.

Од полноќ дизелот поскапува, бензините поевтинуваат

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која од полноќ , новата цена на дизелот ќе биде 99 ден/лит, а на екстра лесното масло за домаќинство 110,50 ден/лит.

Новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 96 ден/лит, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 98 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,837 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 53,579 ден/кг.