Одложен штрајкот на матичните лекари
25.09.2014 13:25
| KumanovoNews
Матичните лекари го одложија протестот кој требаше да се одржи утре од 9 до 11 часот.

Одлуката е донесена по средбата со министерот за здравство Никола Тодоров, на која одлучиле да ги разгледаат здравствените системи во околината, а потоа со конкретни заклучоци да се сретнат идната недела.
Од здружението на приватни лекари велат дека дополнително ќе ги разгледаат условите под кои работат нивните колеги во соседството и на следната средба ќе ги соочат аргументите со надлежните.