Однесен дрвен мост од надојдената река во Бедиње, поплавено земјиште во Опае и Оризаре
16.02.2026 19:46
| KumanovoNews
На подрачјето на Куманово, како и во Општина Липково и Општина Старо Нагоричане, во моментов нема опасност од излевање на реките – водостојот е намален и водата е повлечена во коритата.
Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), од вчерашните врнежи во населба Бедиње е однесен дрвен мост од надојдената река Липковка.
Во село Опае, Општина Липково поплавено е земјоделско земјиште по излевање на Слупчанска Река. Дел од земјоделските површини се поплавени и во село Оризаре.
Во реката Пчиња, во селото Доброшане, кај мостот кон село Шупли Камен, имало насобран отпад и локално излевање на обработливо земјиште.
За сите настани известени се надлежните служби, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.