Опљачкан вработен на бензинската пумпа „Сателит„
28.04.2012 12:07
| KumanovoNews
Маскиран и вооружен разбојник, синоќа оградил вработен на бензинската пумпа „Сателит„ на влезот во населбата Карпош во Куманово.

Нападот се случил во 22.10 часот додека Горан П.(45) од Куманово бил сам на бензинската пумпа. Крадецот влегол во објектот со фантомка на главата и му вперил пиштол, при што побарал да му го даде пазарот.
Откако му одзел 5.000 денари побегнал.
СВР-Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.