×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе потроши 1,5 милиони денари за прославата на 11 Ноември

    08.11.2022 09:30 | Оливера Пешевска

    Општина Куманово одвои 1,5 милиони денари за организација на концерти и манифестации за прославата на 11 Ноември - Денот на ослободување на градот.

    Општина Куманово ќе потроши 1,5 милиони денари за прославата на 11 Ноември

    Активностите за одбележување на празникот започнаа на 1 ноември и ќе траат до крајот на месецот, а најмногу средства се одвоени за двата концерти кои треба да бидат круна на прославата. И покрај тоа што сме во економска и енергетска криза, немало размислување за откажување на прославата.

     „Со оглед на тоа дека концертите, односно манифестации од овој тип се случуваат еднаш годишно, а буџетот беше изгласан пред да ни се случи целиот овој хаос со енергетската криза не го земавме во предвид фактот за одложување или откажување на концертите. Куманово заслужува една ваква скромна прослава и реално за истата не се предвидени огромни финансиски средства. Сметам дека средствата се соодветни и никој од граѓаните нема да ни замери. Доколку и следната година ситуацијата не се поправи ќе размислиме да се повлечеме од организација на вакви гломазни културно-уметнички програми“, изјави Марио Арангеловски,в.д. директор на Фондацијата за спорт и култура.

    Двата големи концерти ќе се оддржат на утре и задутре (среда и четврток) на Градскиот плоштад во Куманово со почеток во 20.30 часот, а ќе настапат пејачи и групи од Македонија, Србија и Косово. 
                
    За првата вечер потрошени се 500.000 илјади денари и 1 милион денари за вториот ден, но од предвидените средства ќе биде организирана и свечената седница на Советот на Општина Куманово на 11 Ноември.

    „Во среда концертот ќе го отворат децата - учесници во проектот „Дајте Музика“, а потоа ќе настапат Тајзи и  ѕвезда на првата вечер ќе биде Сара Јо, од Србија. Во четврток, во очи на празникот, програмата ќе ја отвори Влатко Лозаноски - Лозано, по него ќе настапат Некст Тајм, а ѕвезди на вечерта ќе бидат Барди и Алкета, од Косово. Според мене ова е една од поквалитетните програми кои сме ги имале кога станува збор за концертите за прославата на Ден на градот“, изјави Арангеловски.

    Втората вечер во 22.30 часот ќе има огномет, поради што надлежните ги известуваат граѓаните што имаат домашни миленичиња да ги заштитат.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk