×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ќе набави подземни контејнери, најави Стојчевски

    27.10.2020 12:55 | KumanovoNews

     Општина Куманово ќе постави полуподземни контејнери на повеќе локации во градот, за да го реши проблемот со управување на отпадот, како што тоа се практикува во современите европски градови.

    Општината ќе набави подземни контејнери, најави Стојчевски

     - Самите полуподземени контејнери имаат 5 пати поголем капацитет од еден обичен контејнер, а воедно граѓаните ќе имаат можност во истите, да вршат селекција на отпадот. Оваа постапка е во тек и во најбрзо време ќе се избере најповолен понудувач и самите контејнери ќе бидат поставени најпрвин во централното градско подрачје, а согласно финансиските можности и проценка на надлежните служби, овој проект ќе се проширува и во останатите делови од градот. Со ваквиот начин на селектирање на градскиот отпад ќе успееме да имаме почист град и средена животна околина, а воедно ќе дојдеме до поуспшено менаџирање на градската депонија за која особено сме задоволни од менаџирањето, бидејќи во минатото пракса беше, истата да биде постојано палена и да гори, а изминатите 3 години нема ниту едно палење, за што особено се задоволни жителите од с. Пчиња, - изјави Даниел Стојчевски, поранешен директор на ЈП „Чистота и зеленило“ на денешната прес-конференција на СДСМ.

    Тој апелираше до до сите граѓани, особено поради отпочнување на грејната сезона да бидат совесни и внимателни кон својата средина на живеење, бидејќи само со високо развиена свест, заеднички, можеме да допринесеме за зачувување на чист воздух и зелена животна средина.