×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општините и училиштата ги даваат на користење објектите за спорт во нетранспарентни постапки, покажа истражувањето на ЦГК

    13.09.2023 13:39 | KumanovoNews

    Спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување, покажа истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за состојбите со објектите за спорт во општините Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир, Битола, Кичево и Штип.

    Општините и училиштата ги даваат на користење објектите за спорт во нетранспарентни постапки, покажа истражувањето на ЦГК

    „Општините и училиштата ги доделуваат на користење објектите за спорт без претходно објавување јавни повици со прецизно утврдени услови, критериуми и цени. Наместо тоа, објектите се доделуваат на користење врз основа на добиени барања од спортски клубови, здруженија на граѓани и други заинтересирани лица. Ова остава простор за волунтаристичко постапување и за неправилно и несоодветно користење на објектите за спорт", покажа истражувањето.

    Општините не располагаат со една третина од објектите за спорт бидејќи тие им се дадени на трајно користење, но со претходно склучени долгорочни договори со приватни фирми од страна на јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ.

    „Објектите за спорт во локалните средини, недоволно се користат за спортски активности. Од 42-та објекти за спорт со кои располагаат 8-те општини, само десет се доделени на користење на правни и физички лица. Училиштата во овие општини, пак, имаат 124 објекти за спорт, од кои за користење се издаваат само 46. Ова говори за слабости во менаџирањето и оневозможување објектите за спорт да се користат од што е можно поголем дел од локалното население и да генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување. Своите објекти за спорт општините главно ги доделуваат на користење на локалните спортски клубови без надоместок. За разлика од општините, сите училишта што ги издаваат своите спортски сали и објекти наплатуваат за таа услуга. Цените за користење на училишните спортски сали се движат од 200 до 1.300 денари од час“, стои во извештајот на Центарот за граѓански комуникации.