×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оштетени 250 метри пруга од Коридорот 10, по превртување на товарниот воз во Романовце

    28.04.2021 14:26 | KumanovoNews

    250 метри шини од железничката пруга Скопје - Куманово, која е дел од Коридорот 10, е оштетена откако утринава товарен воз се превртел во кумановското село Романовце.

    Оштетени 250 метри пруга од Коридорот 10, по превртување на товарниот воз во Романовце

    Несреќата се случила во 9.20 часот кога на релацијата Трубарево - Куманово, композиција од 20 вагони пренесувала толчен камен за потребите на Македонска железница - Инфраструктура и 12 вагони се излизгале од пругата. Повредени нема, а направена е голема матерјална штета.

    „Има голема матерјална штета и ќе трпиме голема загуба поради нефункционирање на многу важниот дел за нас Коридор 10, железничката пруга која ја поврзува нашата држава со целиот свет. Јас можам да ветам дека ќе направиме натчовечки напори што поскоро да ја оспособиме пругата и да ја ставиме во функција заради нејзината огромна важност, бидејќи посебно овој дел, ова парче е дел од Паневропскиот коридор 10“, најави директорот на Македонски железници Хари Локвенец, кој дојде на местото на несреќата.

    Стручна екипа од експерти од Македонски железници денеска вршеше увид на терен за да се утврди причината за несреќата. Откако ќе се отстранат превртените вагони, потоа ќе се реконструира оштетената пруга.

    (С.Н.)