Паднало стакло од тераса повредило минувач
        14.03.2013 16:08
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      В.Џ.(50) од Куманово бил повреден од парчиња стакло, кои паднале од тераса на зграда.
Инцидентот се случил во ноември лани, додека кумановецот се шетал по Градскиот плоштад и поминувал под зградата во која живеела В.Н.(68) од Куманово. Тогаш почнал да дува силен ветар и турнал две парчиња стакло кое жената го оставила на тераса. Стаклото паднало на човекот и го повредило.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Н. за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  




