×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пазарџиите ослободени од плаќање на закупнина за тезгите додека не работеа пазарите

    22.05.2020 13:07 | KumanovoNews

    Корисниците на тезги на двата зелени пазари во Куманово, ќе бидат ослободени од плаќањето на закуп, во времето додека не работеле поради кризата со коронавирусот.

    Пазарџиите ослободени од плаќање на закупнина за тезгите додека не работеа пазарите

    „Една од мерките коишто ги презема локалната самоуправа ќе биде и не плаќањето на надоместок за користење на тезгите од закупците за деновите додека не работеле. Со оваа мерка сакаме да им помогнеме, бидејќи и тие се погодени со кризата, а тоа беше одлука освен на локалната самоуправа и препорака на централните власти, бидејќи пазарите се сметаа за место каде што има голема фреквенција на луѓе и голема можност за ширење на заразата, затоа беа затворени во период од речиси два маесеци“, - изјави Атина Мургашанска, претседателка на Советот на Општина Куманово.

    Таа додава дека со оглед на тоа што нивните сметки се издаваат на почетокот на месецот, доколку некој упалатил за март или другите месеци кога не се работело, тоа ќе им биде засметано во јунската сметка.

    На наредната седница, во вторник, на Советот ќе биде разгледана можноста како да се помогне на јавните претпријатија „Пазариште“ и „Куманово-паркинг“, кои трпат најголеми последици од здравствената криза затоа што ги прекинаа своите услуги кон граѓаните.