Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со дополнување на Законот за работно ангажирање на лица, се овозможува да работат пензионери, студенти и странци.
Работно ангажирано може да биде лице кое не е во работен однос, вработено лице, самовработено лице, лица помлади од 18 години кои согласно општите прописи од работните односи ги исполнуваат условите за засновање на работен однос, студенти, корисник на семејна и старосна пензија, со исклучок на корисници на семејна пензија по основ на неспособност за работа и самостоен живот, како и странец кој има регулиран престој согласно закон.
Со овој закон се регулира дополнителната и сезонската работа во државата, а лицата кои ќе бидат ангажирани по овој однос нема да ги загубат стекнатите права по другите односи.
Полза ќе има државата која ќе го полни буџетот и работодавачите кои ќе можат да најдат вработени и граѓаните кои ќе имаат можност да работат.
Предност ќе имаат угостителството, земјоделството и услужната дејност кои имаат недостаток на вработени. Ќе можат да работат студенти, пензионери, социјално загрозени лица, на кои согласно закон не им се прекинува правото кое го имаат на пензија, на социјална помош, на студирање, а ќе може да бидат ангажирани и средношколци.
Со дополнувањата на законот се предвидува придонесите за пензиско и здравствено осигурување да ги плаќа државата. На овој начин се очекува 30.000 лица да бидат ставени во системот.