Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денот на сесловенските просветители „Кирил и Методиј“ ќе се одбележи во понеделник во 12 часот во Занаетчискиот дом во Куманово.
„Преку проекција на чешкиот игран филм „Светите Кирил и Методиј - словенски Апостоли”, во режија на Петар Николаев ќе го одбележиме 24 Мај - Денот на сесловенските просветители“, стои во повикот.
Организатор на настанот е Фондацијата за култура и спорт, а предвидена е проекција на игран филм за животот и работата на просветителите.
Настанот е под покровителство на Општина Куманово, а влезот е слободен за сите заинтересирани.