Пензионерите организираат еко хепенинг во Пелинце
12.08.2015 10:36
| KumanovoNews
Здружението на пензионери Куманово во сабота во Пелинце организира еко хепенинг, на кој ќе присуствуваат пензионери од земјава и од соседна Србија.

Хепенингот ќе биде отворен во 10 часот, а на настанот се поканети и градоначалниците на општините Куманово и Старо Нагоричане.
“Традиционален е хепенингот, и се одржува по 14-ти пат. Имаме гости од цела Македонија, плус од Прокупље, Врање, Лесковац, Смедеревска Паланка, пензионери со кои соработуваме. Очекуваме да дојдат над 2000 пензионери“- изјави Љубица Кузмановска, потпретседател на Здружение на пенизонери Куманово.
Домаќините пред присутните ќе настапат со музички точки.