Петок неработен ден за муслиманските верници
30.07.2020 09:45
| KumanovoNews
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека петок ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија кои се од муслиманска вероисповед.

„Согласно со Законот за празниците, 31 јули, петок, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед,“ се вели во соопштението.
Од таму упатуваат честититки до граѓаните од муслиманската вероисповед за празникот.