Пијан кумановец ја натепал сопругата
        27.01.2013 10:08
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Средовечен кумановец пијан ја тепал сопругата нанесувајќи и телесни повреди.
 
                  М.Л.(49) пред два дена на улица “Будмир Димковски“ во Куманово пијан дошол дома и почнал да се расправа со сопругата Б.Л.(47). Потоа ја нападнал удирајќи ја со тупаници по телото и главата со што и нанел повреди. Кумановецот ќе одговара за кривично дело “телесна повреда при семејно насилство“.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



