Поднесени над 4000 барања за отпис на долгови
22.09.2014 06:44
| KumanovoNews
Во Центарот за социјални работи Куманово досега се поднесени 4340 барања за отпис на долгови.

Најголем број од нив се за отпис на долгови за потрошена електрина енергија и долгови на кредитни картички. Барања ќе се поднесуваат се до 13 октомври, и тие ќе бидат проследени до Министерство за труд и социјална политика каде посебна комисија ќе ги разгледа и ќе одлучи по нив.
На ниво на држава најмногу барања се поднесени во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Струмица.