×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поголема контрола на болните од ковид-19 кои не ги почитуваат мерките, побара Кривопалaнечкиот кризен штаб

    23.02.2021 14:34 | KumanovoNews

    Општинскиот штаб за заштита и спасување на Крива Паланка бара засилени мерки и контроли врз болните од ковид-19, кои ги злоупотребуваат излегувањата за контроли и примање на терапија во кривопаланечката болница.

    Поголема контрола на болните од ковид-19 кои не ги почитуваат мерките, побара Кривопалaнечкиот кризен штаб

    „Имаме дојава од граѓаните дека позитивните од ковид-19 го злоупотребуват времето кое е дозволено за контрола и примање на терапија во болниците, па го искористуваат за шетање, снабдување со намирници или лекови, со што го доведуват во опасност здравјето на останатите сограѓани, како и можноста за ширење на вирусот меѓу останатите граѓани од Општината. Ваквите случаи се забележани и кај лица и членови од потесното семејство на болните, кои треба да бидат во изолација“, посочуваат од кривопаланечкиот Кризен штаб.

    За спечување на ваквите злоупотреби, донесени се повеќе заклучоци меѓу кои и полицијата да врши контроли со физичко присуство во домовите на заболените и изолирани лица, а не телефонски, како и да се испечатат флаери и плакати, кои ќе бидат истакнати и ќе се делат во Ковид центарот во Здравствениот дом, со препорака и укажување по завршување на потребните контроли веднаш да се упатат во својот дом.

    Дадена е и препорака да се активира телефонскиот број 078/ 30 30 60 во Црвениот крст Крива Паланка, како и волонтерската служба за помош при дотур и снабдување со храна и лекови на заболените, за да не излегуваат и да не ги доведуваат во опасност останатите граѓани.

    Штабот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка ќе достави и барање до Главниот координативен Кризен штаб и Институтот за јавно здравје да обрне внимание при правењето на епидемиолошките анализи и контактите со позитивните лица, како би се добила поширока слика за постапување и сузбивање на дополнителни нови случаи. Од Министерството за здравство, пак, се бара дополнителна нова количина од 300 брзи тестови за потребите на Здравствениот дом.

    Инаку, Општинскиот Кризен штаб констатира дека состојбата со ширење и превенцијата од ковид-19 во Општина Крива Паланка е стабилна и дека постојат соодветни и задоволителни капацитети, услови и ресурси за соодветна и навремена реакција, но истовремено и апалира до сите граѓани доследно да ги почитуваат сите пропишани мерки, препораки и протоколи.

    (Ж.Цветковска)