Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 11 часот во недела до 5 часот во вторник ќе трае полицискиот час за претстојниот продолжен викенд за празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј, одлучи Владата.
Утре забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 5 часот наутро.
„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро“,- објави премиерот Оливер Спасовски.
На седницата е изменета и дополнета и Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Република Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои и со новите промени доколку лицата кои влегуваат на територијата на Република Северна Македонија приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа пред да влезат на територијата на државата, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.