Половина милион рецепти издале лекарите во Куманово
25.09.2014 07:42
| KumanovoNews
Над 500.000 рецепти се издадени во Куманово во првата половина од 2014 година, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Во Куманово се издадени вкупно 550.025 рецепти, со што нашиот град е веднаш зад Скопје, Тетово и Битола. Помалку рецепти се издадени во Прилеп, Штип, Струмица, Охрид, Велес, Кичево и другите градови.
Во земјава во првите шест месеци се реализирани над 9.5 милиони рецепти што е за 8 отсто повеќе од истиот период лани.