Понеделник неработен за Ромите и за католичките верници
03.04.2012 12:05
| KumanovoNews
Понеделник ќе биде неработен ден за граѓаните од ромска заедница и верниците од католичка вероисповест.

8 Април, Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Од министерството, исто така информираат дека 9 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, според Грегоријанскиот календар, е неработен ден за верниците од католичка вероисповед во Република Македонија.