×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Потврдена голема кашлица кај 40-годишен жител на Крива Паланка

    26.02.2024 15:24 | Оливера Пешевска

    Четириесет годишен маж од Крива Паланка е петиот регистриран случај на голема кашлица, во Североисточниот регион. 

    Потврдена голема кашлица кај 40-годишен жител на Крива Паланка

    Од Центарот за јавно здравје Куманово велат дека лабораториска потврда е добиена во петокот, по што е пациентот е изолиран на домашно лекување, со пропишана терапија и неговата состојба будно се следи од матичниот лекар.

    „На пациентот му е направена епидемилошка анкета и е изолиран, на домашно лекување. Засега е стабилно, вакциниран е потполно со 3 дози на прима вакцина и две дози на ревакцинација. Повторно апелираме за вакцинација на децата, тоа е единствениот начин да избегнеме појава на заборавени болести“, истакна д-р Едита Рамизи, епидемилог од ЦЈЗ Куманово.

    На 9 фебруари беа пријавени првите три случаи на голема кашлица во Куманово, на возраст од четири години, 18 и 13 месеци. На 16 -ти, пак е добиена потврда за петгодишно дете. Надлежните тогаш потврдија дека во сите четири случаи децата се невакцинирани, но и не посетувале градинка. Ова е прв случај на заболување на целосно вакцинирано лице.

    Во Здравствен дом Куманово вакционалниот пункт на детскиот диспанзер работи со полна пареа во две смени. Постојано се јавуваат и ги повикуваат родителите да ги имунизираат децата, и засега се задоволни од одѕивот на граѓаните.

    „Во првите 3 недели, од појавата на случај во Куманово до 16 фебруари, откако се мобилизиравме имаме вакцинирано 380 дечиња од претшколска возраст и 300 деца кои одат на училиште. Во последната недела аплициравме 200 вакцини на бебиња и 316 на деца од училишен возраст. Задоволни сме од одѕивот, доаѓаат родители, некои малку доцнат затоа што децата им се настинати, болни или под терапија, но веднаш штом се стабилизира состојбата ја примаат вакцината. Се уште имаме и повозрасни дечиња кои немаат примено ниту една доза од вакцината“, објасни д-р Валентина Богоевска-Димитириевска, началник на Одделението за вакцинација во Куманово.

    Состојбата со Пертусис е под контрола, иако се уште не е стабилна оцени Комисијата за заразни болести минатата недела.