Повеќе села во кумановско со денови без струја
Повеќе села на подрачјето на Општините Куманово и Старо Нагоричане се без електрична енергија по силното невреме што го зафати регионот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Како што соопштуваат од службата 112, граѓаните секојдневно пријавуваат дека повеќе населени места сè уште немаат електроснабдување, но не наведуваат за кои населени места се работи.
„Од 112 добиваме известувања од граѓани дека на територијата на Општина Старо Нагоричане и Општина Куманово повеќе села, по невремето, веќе три до пет дена се без електрична енергија“, информираат од ЦУК.
Од ЕВН ги известиле дека нивните екипи се на терен и работат на санирање на дефектите, но засега немаат информација кога ќе бидат целосно отстранети сите оштетувања и кога ќе се нормализира снабдувањето со електрична енергија во сите населени места.
Планиран прекин ќе има во среда од 08.50 до 14.00 часот во селото Стрновац.