Повредена жена на „Трета МУБ“
10.07.2019 10:29
| KumanovoNews
Кумановска се здобила со тешки повреди откако вчера во неа удрил автомобил.

Сообраќајната несреќа се случила околу 14,30 часот во Куманово на бул.„Трета Македонска ударна бригада“, кога патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(72) од Скопје, удрило во У.С (47) од Куманово.
Повредената била пренесена во болницата во Куманово. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.