Пожари на запалена сува трева и шума во Куманово
07.09.2015 09:02
| KumanovoNews
Во текот на изминативе 24 часа во градот и околината имаше повеќе пожари на заплена сува трева и шума.

Територијалната противпожарна единица Куманово бележи интервенција во време од 12.40 до 13.45 часот на локалитетот Менкова колиба.
Во атарот на село Матејче интервенирано е во период од 15.30 до 18 часот на запалена нискостеблеста шума.
На локалитетот Филтер станица интервенирано е од 16.25 до 17.05 часот на запалена сува трева.
ТППЕ Куманово интервенираше на запалена сува трева на улица “Доне Божинов“ пожарникари.
Податоци за опожарените површини и причините за појава на пожарите не се познати.