Предавање за трговија со луѓе за учениците во Драгоманце
21.10.2014 14:05
| KumanovoNews
Предавање на тема “Превенција од трговија со луѓе“ утре ќе се одржи во основното училиште “Христијан Т.Карпош“ во селото Драгоманце.

Ова предавање го организира здружението МОТУС и наменето е за учениците од 7, 8 и 9 -то одделение.
Ова е прв пат кај нас да се одржи вакво предавање. Предавањето ќе биде многу корисно затоа што ние сме блиску до граница и секогаш постои ризик. Училиштето е оддалечено од другите села и децата поминуваат долг пат додека да дојдат на настава - вели Стојка Спасовска, директорка на “Христијан Т.Карпош“.
Предавањето ќе биде интерактивно и во него со свои мислења и ставови можат да се вклучат и учениците.