Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во два одвоени случаи во кумановската полиција е пријавенo дека двајца кумановци извршиле силување и обљуба врз поранешните сопруги.
Во првиот случај, Отсекот за компјутерски криминал и Отсекот за општ криминал при СВР Куманово поднеле две кривични пријави против 25-годишен кумановец поради постоење основи на сомнение за
сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „полов напад и силување“.
„Тој креирал профил на социјални мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга. При преземањето мерки и извршената анализа на случајот било откриено дека тој извршил и обљуба врз неговата поранешна сопруга, по што бил пронајден и лишен од слобода“, соопшти полицијата.
Во вториот случај, вчера во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 47-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека со закана со остар предмет извршил обљуба врз неговата поранешна вонбрачна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.