×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Припадниците на израелската религиозна група заминуваат од Куманово

    14.02.2022 15:45 | Сузана Николиќ

    Членовите на израелската религиозна група, кои од четвртокот престојуваат во населбата Зелен Рид се подготвуваат да си заминат од Куманово. Тоа ќе се случи во текот на вечерта или најдоцна утре, дознаваме од полициски извори. 

    Припадниците на израелската религиозна група заминуваат од Куманово

    Присуството на триесетина членови на групата предизвика лавина на реакции и говор на омраза на социјалните мрежи, поединци дури се закануваа дека ќе ја преземат работата во свои раце доколку надлежните институции не ги протераат, бидејќи сметаат дека е загрозена безбедноста на нивните деца.  Тоа ја наелектризира состојбата и ја доведе во прашање безбедноста на верниците.

    Од љубопитство или во знак на револт повеќе граѓани синоќа ја окупираа улицата и фрлаа камења и упатуваа навреди кон странците, поради што во текот на ноќта полицијата постојано била во близина куќата со цел да не дојде до инцидент .

    Странските државјани, семејства со деца се сместени во две приватни куќи, кои ги закупиле во населбата. Во групата има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во Северна Македонија. 

    Еврејските верници најверојатно припаѓаат на ортодоксната верска група „Лев Тахор“, која се противи на државното уредување и живеат по свои правила. Ваква група до минатата недела престојувала во Сараево, Босна и Херцеговина, па според тамошните медиуми, не ѝ било дозволено да го продолжи престојот, па дошла во Македонија.