Мени

Приведени двајца кумановци осомничени за кражба во деловен објект

19.09.2026 11:56 | KumanovoNews

Двајца кумановци се приведени под сомнение дека со употреба на сила влегле во деловен објект во Куманово и одзеле пари.

Приведени двајца кумановци осомничени за кражба во деловен објект

Како што информира МВР, вчера во 21:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.С. (39) и Е.Ш. (26), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека на 4 септември годинава, со употреба на сила, влегле во деловен објект на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, од каде одзеле пари.

Осомничените се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.