Продолжи наставата во училиштата
16.02.2012 09:21
| KumanovoNews
По една недела пауза учениците денеска се вратија во училиштата.

Во основното училиште „Браќа Миладиновци„ првата смена започна во 9 часот, а во „Крсте Мисирков„ наставата ќе се одвива од 13 часот.
Во останатите училиште одлуката за почетокот на наставата самостојно ја донесуваат директорите.
Часовите во сите основни и средни училишта денеска и утре ќе бидат скратени и ќе трајат 30 минути.
Наставата во училиштата беше прекината минатата среда поради проблемите на патиштата и превезување на учениците до училиштата. Изгубените часови ќе се одработат кога ќе стопли времето.