×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Продолжува санацијата на Искрин мост, на увид министерот Бочварски и директорот Рустеми

    22.01.2021 14:53 | KumanovoNews

    Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска извршија увид на градежните работи на мостот на реката Пчиња, попознат како „Искрин мост“, чија што санација започна во јуни претходната година.

    Продолжува санацијата на Искрин мост, на увид министерот Бочварски и директорот Рустеми

    На увидот министерот Бочварски и директорот Рустеми истакнаа дека се задоволни од ефикасноста и брзината во изведувањето на градежните работи, а согласно моменталната динамика на работата се очекува санацијата да заврши побрзо од предвидените 24 месеци за работа.

    „Јавното претрпијатие за државни патишта од својот буџет издвои 1,9 милиони евра и минатата година на почетокот на јуни започна со санација на мостот. Досега комплетно се санирани 4 средни столба, а на 3 столба во моментов се врши санација. Исто така, паралелно се работи на зајакнување на двата главни и попречните челични носачи се врши таканареченото пескарење на носачите, зајакнување на одредени делови и нивна анти корозивна заштита“,- изјави  директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми.

    Досега, преку ЈП за државни патишта, изградени и рехабилитирани се вкупно 11 мостови на државни патишта а во овој момент активно се работи на три мостовски конструкции.

    Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, рече дека санацијата на мостот е уште еден показател дека нивните клучни приоритети се посилна и поразвиена инфраструктура и подобро поврзување внатре во државата но и поврзување надвор со останатите држави во регионот.

    „Ни претсоти долга градежна сезона каде инвестициите во инфраструктурата дополнително ќе ги засилиме. Продолжуваме со изградба на автопатите и експресните патишта, со 25 нови проекти во комуналната инфраструктура, со изградба на магистралните гасоводи, а со стартот на градежната сезона започнуваме со рехабилитација на локалните улици и патишта, согласно динамиката предвидена со завршените тендерски постапки”, - изјави министерот Бочварски.

    Тој додаде дека објавена е тендерската постапка за изградба на пругата во двете фази од Куманово до Крива Паланка, за што во наредниот период се очекува да се избере изведувач за градежните работи.