×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промоција на Монографијата „75 години Театар Куманово“ во Центарот за култура во Куманово

    29.11.2023 14:55 | Оливера Пешевска

    Во фоајето на Центарот за култура во Куманово, утре во 19 часот ќе се одржи промоција на Монографијата „75 години Театар Куманово“. На монографијата е работено една година, а негови автори се Кети Дончевска-Илиќ, Симона Тоскиќ, Сашо Костовски и Зоран Зафировски.

    Промоција на Монографијата „75 години Театар Куманово“ во Центарот за култура во Куманово

    Со делото се прави обид на едно место да се собере архивски материјал,слики и приказни за минатите 75 години од постоењето и работењето на театарот.

    „Нашите колеги цела година работеа на собирање и средување на материјали, слики и изјави, сортирање и едитирање за да се добие впечатлив и достоинствен производ кој ќе ја отслика приказната на Театар Куманово. Сега доаѓа и време тоа да го претставиме на публиката“, изјави директорот Сашо Тодоровски.

     Промотор на делото ќе биде театарскиот критичар Тодор Кузманов.

    Во програмата на промоцијата на Монографијата „75 Години Театар Куманово“ ќе учествуваат или ќе бидат поканети сегашни и пензионирани актери, поранешни вработени и семејства на оние тетарски дејци кои се починати, но оставиле неизбришлив белег во работењето на културната институција.

    Монографијата е издадена под покровителство на Министерството на култура и неколку правни лица како спонзори на делото.