×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовиран спотот “Полицијата и граѓаните заедно“

    10.12.2013 11:37 | KumanovoNews

    По повод 9 декември - Ден за превенција во полиција, во СВР Куманово денеска беше промовиран спотот “Полицијата и граѓаните заедно“.

    Промовиран спотот “Полицијата и граѓаните заедно“

    Во спотот се прикажани проектите кои отсекот за превенција ги сработи во изминативе 5 години.

    Спотот ќе се емитува на локалните медиуми во Општина Куманово. Јавно сакам да се заблагодарам на една личност која од првиот ден го поддржува превентивното делување на полицијата, а тоа е Мисијата на ОБСЕ со седиште во Скопје. Првите проектни активности започнаа во соработка со нив и ден денес се наши поддржувачи и финансиски и морално - вели Виолета Богдановска, од отсекот за превенција во СВР Куманово.

     Во изминатиот период реализирани се проекти за безбедни училишта, за безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите во сообраќајот, “Спорт да, дрога не“, шаховски турнири, соработка со деца од школите и градинките и друго.

    Во видео спотот за соработката со отсекот за превенција говореа просветни работници, советници, пензионери, пожарникари, жени од невладините организации и други.